Одделете ги жолчките од белките и прво изматете ги жолчките, а настрана изматете ги белките заедно со шеќерот. Потоа соединете ги и пак убаво изматете и ставете ги брашното, пецивото, маслото и млакото млеко. Убаво изматете и паниспањата поделете ја на два дела.
Во едниот ставете ја ренданата кора од лимон, а во другата какаото и ликерот. Од двете паниспањи ставајте наизменично и колачот ставете да се печи на 190 степени околу 35 минути. Куглофот премачкајте го со чоколадото и ставете ореви.На здравје!!!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови