6
мар
2014
Шарен куглоф
Јајцата, шеќерот и ванилката се матат убаво се додека не се добие пенеста смеса. Потоа при постојано матење се додаваат млекото, маслото за јадење и кората од лимон. Откако убаво ќе се измати се додаваат брашното и пецивото.
Смесата се дели на два дела и во едниот дел се додава какаото.
Во намрснет и набрашнет куглоф се истура од белиот дел, потоа се додава суво грозје, па се шари со кафениот дел, па пак суво грозје, па пак од белиот дел.
Се пече околу 60 минути на температура од 180 С
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови