16
окт
2015
Чурос (Шпански крофни) со чоколаден сос
Водата се става во тенџете на оган и кога ќе зоврие се додава шеќерот, солта и путерот, потоа се додава брашното и брзо се меша. Се трга од оган и се продолжува со мешањето. Се додаваат белките и се меша додека не се направи хомогена смеса.
Готовото тесто се става во шприц се оформуваат чуроси и се пржат во врело масло. Готовите чурос се валкаат во смеса од шеќер и цимет.
За сосот слатката павлака се загрева и во неа се става чоколадото и путерот, се остава 1 минута и потоа се меша до добивање на хомогенен сос.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Инаку баш се убави, вкусни:)