Мислам дека нема некој кој не ги знае и не ги пробал овие колачи. Кај мене дома се омилени и затоа од време на време се навраќам на рецептов, ги подготвувам, секако за да се задоволат желбите на мнозинството )))
Подготовка
Вклучете ја рерната да се загрева на 180.
Јајцата и шеќерот се матат убаво и долго додека да се добие густа, кремаста и светла смеса. Намалете ја брзината на миксерот, додадете ги течните состојки па потоа постепено и брашното измешано со пецивото. Смесата ставете ја во тава со димензии 36*20 која претходно сте ја премачкале со зејтин и сте ја набрашниле. Ставете да се печи. Кај мене се доволни 25 минути, вие направете проверка со дрвена чепкалка. Откако ќе се испечи, оставете убаво да се излади па исечете коцки со големина по желба.
Подготовка на преливот
Млекото и шеќерот ставете ги да се варат. Мешајте со лажица за шеќерот да се истопи. Откако млекото се загреало, додадете го чоколадото искршено на коцки и какаото. Мешајте со лажицата додека чоколадото се стопи и оставете млекото да зоврие. Тргнете на страна и оставете малку да излади.
Секоја коцка се потопува од сите страни во топлиот прелив и веднаш се валка во кокос.
Оставете неколку часа тестото да впие од преливот па послужете.

Од оваа количина на состојки кај мене излегоа 18 коцки.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани