Матете ги жолчките и шеќерот,додадете го предходно истопениот маргарин и чоколадото за готвење,брашното помешано со прашокот за печиво и на крај снегот од белките(белките се мешаат со лажица,не со миксер). Печете во предходно намастен и набрашнет калап (дијаметар 25 см.) на 180°С околу 20 мин.
За кремот.Слатката павлака,чоколадото и шеќерот загрејте ги на тивок оган,при тоа мешајќи додека не проврие.Оставете малку да олади.Кремот е доста редок но не е потребно дополнително миксирање.
Печениот бисквит избоцкајте го со виљушка на неколку места и додека е сеуште топол прелијте го со топлиот крем.Колачот прво се лади на собна температура а потоа се става во фрижидер,за подобро да се стегне кремот.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани