Чоко - лешник бакнежи во обланда
Се топи црното чоколадо заедно со маслото и со него се премачкуваат обландите од внатрешната страна во тенок слој. Се остава во фрижидер да се здрви додека се спрема полнежот.
На мала сила на ринглата се става слатката павлака, белиот еурокрем и белото чоколадо искршено на коцки да се стопи и соедини со постојано мешање (да се забрза процесот за да не дојди до степен на вриење).
Се тргна на страна и се додаваат лешниците. Се меша и со него се полнат полутопчињата на обландата. Потоа се поклопуваат едно врз друго и се оставаат повторно во фрижидер да се стегни филот.
Обландата можи и да ја исечите на засебни топчиња и секое да го потпоите во стопено црно чоколадо, па да го наросите со крупно мелени потпечени лешници. Кај нас се скокна тој процес, едвај ме оставија некако да ги сликнам.