Чоколадни тартуфи
1. Исецкајте го чоколадото многу ситно и ставете го во огноотпорен сад.
2. Павлаката ставете ја во тава на тивок оган и тргнете ја пред да почне да врие, бидете внимателни навреме тргнете ја пред да почне да врие.
3. Додадете ја жешката павлака полека во садот со чоколадото и оставете да одмори 1 минута.
4. Со дрвена лажица брзо мешајте ги павлаката и чоколадото, секогаш во ист правец додека чоколадото не стане компактно и оставе ја смесата да одмори на ладно место 10 минути ама не во фрижедер.
5. Откако смесата ќе олади, со миксер работете ја 5 до 10 минути додека не стане погуста и посветла. Садот покријте го кеса или фолија и ставете ја да излади во фрижидер 1 час.
6. Со лажичка земајте од смесата и ставајте ја во тава кој претходно сте ја обложиле со хартија за печење. Треба од смесата да ви излезат 24 тартуфи, затоа гледајте да ги расподелете скоро во иста големина. Оставете ги во фрижедер 20 минути.
7. Изладените тартуфи обликувајте ги во топчиња и увалкајте ги во какао.
8. Тартуфите ставете ги повторно во фрижедер 2 часа и извадете ги пола час пред да ги послужете.
Рокот на тртуфите така чувани во фрижедер до 10 дена.
Добар апетит.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови