Превкусни, лични, љубовни! Идеален десерт за да го поделите со вашиот партнер, се прават многу бргу, а уште побргу се јадат.

Сомелете ги бисквитите и лешниците, додадете го кремот и зачинот и замесете тесто со сокот од портокал. Тестото не треба да е меко, туку да е компактно како кога правите бомбици.
Расплескајте го тестото на работната површина и со калапче вадете форми.
Растопете го чоколадото и премачкајте го секој втор дел со чоколадо и залепете ги со немачканите. Кратко ставете ги во замрзнувачот и потоа премачкајте ги одозора со растопено чоколадо и декорирајте по желба.
Оставете ги убаво да се оладат во фрижидер и потоа уживајте во нив со саканите.
На здравје.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови