Брз сладолед со ишлери
Слатката павлака се мати во сад кој може потоа да се загрева, додека не стане цврста. Се додава млекото, шеќерот и ванилата. Убаво се промешува и се става на рингла. Се загрева додека не се добие хомогена маса (да не се гледа шеќер). Смесата се остава да се излади и се става во замрзнувач.
Ишлерите се кршат на поголеми парчиња и се ставаат во замрзнувач.
Смесата се става во замрзнувач околу 3-4 саати, се додаваат веќе замрзнатите ишлери (важно е смесата да не биде течна туку баш како пред служење сладолед за резултатот да е крцкав ^_^). Се промешуваат заедно со поголема лажица и се порамнува. Се враќа во замрзнувач и може да се служи по неколку минути.
На здравје
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови