Чоколадни сендвич колачи
Во сад за матење пенесто изматете ги јајцата и шеќерот.
Додајте го маслото и матете уште малку.
Потоа додајте го брашното измешано со пецивото.
Измешајте убаво со дрвена лажица или со жица.
Од добиената смеса на хартија за печење со лажичка нанесете топчиња.
Печете ги на 180 степени додека поруменат.
Во меѓувреме подгответе го филот
Во сад на оган ставете го чоколадото и еурокремот да се растопат.
Откако ке се растопат тргнете го од оган и додајте ги мелените лешници.
Убаво промешајте.
Земете од испечените колачиња и премачкајте ги со филот.
Одозгора поклопете со уште едно колаче.
Секоја половинка од оформените сендвич колачиња премачкајте ја со растопена чоколада за готвење.
Лиценца: Сите права се задржани