Чоколадни колачи со ореви
Рерната загрејте ја на 180°. Два плеха за печење премачкајте ги со зејтин и ставете хартија за печење.
Белото чоколадо и 125гр. од темното чоколадо исечкајте ги на крупни парчиња. Останатите 75гр. темно чоколадо стопете го на пареа.
Во еден длабок сад ставете го путерот (маргаринот) и додадете го стопеното чоколадо. Измешајте со миксерот со најголема брзина додека да добиете мазна смеса. Додадете ги двете врсти на шеќер и солта и матете со миксерот додека да се спојат убаво состојките. Јајцата додадете ги едно по едно матејќи го секое од нив по половина минута. Брашното помешајте го со прашокот за печиво и содата и се заедно додадете го на 3 пати во смесата со јајца. На крај ставете ги оревите и парченцата чоколадо и измешајте со шпатула за тесто.
Со лажица земајте од тестото и ставајте во плехот со растојание од едно до друго колаче. Печете ги околу 10-13 минути.
За украсување, стопете го на пареа белото чоколадо со зејтинот и со него украсете ги оладените колачи.
Бидејќи се многу меки откако ќе се испечат, оставете ги во плехот убаво, убаво да се изладат и малку да се потсушат, па потоа вадете ги и редете ги во кутија со капак.
Колачите се меки по текстура, а сепак крцкави од оревите и парченцата чоколада. Доколку ги чувате затворени во кутија за колачи можат да траат и повеќе дена. Кафеавиот шеќер дава малку арома на карамел, но доколку немате таков ставете обичен бел шеќер.
Лиценца: Сите права се задржани