Во вангличка ги соединуваме состојките за палачинки. Оставаме да одмори тестото 5 минути, па ги пржиме настандарден начин. За ганашот на тивок оган ја загреваме слатката павлака, го ставаме чоколадото и убаво ја изедначуваме смесата. Оставаме да се излади, а потоа кратко ја матиме со миксер, значи да не обиеме многу цврст крем, туку да биде покремасто, средноматено. На секоја палачинка прво ставме по малку еуро крем, по 2-3 лажици ганаш, па малини и ја завиткуваме палачинката. Ги редиме на чинија за послужување, попрскуваме со растопена чоколада и
сервираме.