Чоколадни мафини со ганаш крем
За оние кои се љубители на чоколадо.
Прекрасни се.
Прво во една чаша се налива млекото и му се додава винскиот оцет.
Нека одстојат околу 40 минути.
Калапи за мафини се обложуваат со корпици.
Сега во вангличка се става путерот и шеќерот. Се мати.
Се додаваат една по една жолчка.
На страна се мати снег од 3 белки.
Се соединуваат брашното, содата, пецивото, просеаното какао.
Во изматениот путер се додава млекото, се додаваат соединетите брашно, сода, пециво и какао.Убаво се промешува.
На крај се додава снег од белки.
Се меша со шпатула.
Со оваа смеса се полнат калапите за мафини.
Излегуваат 15 парчиња.
Се печат околу 20 минути на 180 степени.
Се ладат.
Со нож во средината на секој мафин се прави дупче.
Во касерола на оган се соединуваат слатката павлака и чоколадото.
Не смеат да провријаат.
Нека се подизлади малку,( треба да биде се уште течна смесата) па со ганаш се полни еден готварски шприц со отвор.
Секој мафин се полни со ганаш (онолку колку што ќе прими)
Ова се повторува за 20 минути уште еднаш.
Остатокот од ганаш кремот се мати со миксер.
Се украсуваат мафините.
На крај се става по една зелена смоква од слатко.
Уживајте во прекрасниот вкус.
Лиценца: Сите права се задржани