
3
фев
2013
Чоколадни интегрални рози
Во сад на пареа ставете го чоколадото и путерот да се растопат.
 Во мегувреме во блендер иситнете 25гр. корнфлекс и 25гр. шеќер во прав.
 Откако чоколадото ке се растопи тргнете го од оган и додајте ја иситнетата смеса од блендерот. Убаво промешајте и додадете го медот и преостанатите 75гр. корнфлекс.
 Убаво со мешање соединете ја смесата.
 Со лажица земете од смесата и обликувајте рози на хартија за печење.
 Вака подготвените рози ставете ги во фрижидер да се стегнат.
Лиценца: Сите права се задржани






























