Чоколадни брауни мафини со путер од кикирики (без миксер)
Брзи, лесни, сочни и вкусни мафини, за кои не е потребен миксер.
Почнав со рецептот од интернет, но направив повеќе промени кои ги запишав. Ви го пишувам рецептот по мое, а резултатот е феноменален.
Вклучете ја рерната на 180 степени.
Во сад на оган на тивко, ставете го шеќерот и додадете го млекото, нека се соединат и потоа додадете ги путерот од кикирики и чоколадото. Кога смесата убаво ќе се растопи и соедини тргнете ја на страна. Со постојано мешање додадете го брашното. Мешајте убаво да нема грутки. Од како брашното ќе се изедначи, едно по едно додадете ги јајцата. Додадете јајце, мешајте додека да се изедначи, повторно додадете и мешајте и така за сите три јајца.
Ќе добиете многу густа течна смеса.
Смесата сипете ја во тавчето за печење или во калапите за мафини.
Путерот од кикирики за фил стопете го мал сад или ѓезве. За полесно топење можете да додадете малку масло на дното.
Кога убаво ќе се растопи премачкајте го колачот или мафините. Не грижете се, нема да пропадне во тестото. Тестото е густо.
Ставете да се пече окулу 30ина минути.
Чоколадото за фил растопете го на тивко или на пареа. И во чоколадото можете да додадете малку масло за полесно топење.
Кога ќе биде готов колачот или мафините, шарајте тенки линии од чоколадо со лажица.
Тестотo е многу сочно и убаво. Додека е топло ќе ви личи недопечено, но не грижете се, совршено испечено е.
Лиценца: Сите права се задржани