28
апр
2015
Мафини со путер од кикирики
Пред некое време имав купено путер од кикирки и еве дојде ред да се искористи во еден ваков преубав рецепт.
Јајцата и шеќерот се матат потоа се додава путерот од кикирики и се мати убаво. Се додава млекото, брашното, пецивото и ванилата. Се меша убаво и се додаваат чоколадните капки. Доколку немате чоколадни капки и рендано чоколадо за готвење ќе заврши работа.
Од оваа смеса излегуваат 15 мафини подготвени во калапот за мафини на Делимано.
Се полнат калапите за мафини 3/4 и се печат во загреана рерна на 200 степени додека на чепкалката нема ништо.
Пробајте ги овие превкусни мафини..
На здравје !!!
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови