23
ное
2020
Брауни со чоколадни капки
Екстра чоколадно задоволство!
Јајцата се матат со шеќерите,пенасто.
На страна се топи путерот со чоколадото и се остава малку да олади.
Во изматените јајца се додава просеаното брашно и печивото.
Се додаваат путерот и чоколадото и се убаво се меша.
На крај се додаваат чоколадните капки.
Смесата се става во плех број 22 и се пече на 180 степени околу 30 минуи.
Можете да наросите со шеќер во прав или да изберете друга декорација.
На здравје!
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови