И еве сум повторно со прекрасниот мраморен колач. Што да правам? Едноставно е, го обожаваш, превкусен е, тука ти е Фантазија мешавината и ...тоа е тоа. Ова е едноставна мраморна торта што ќе ја сака вашето семејство, а вие ќе обожувате да ја правите. Можете да ја направите со фстаци, бадеми, да ја консумирате со црно кафе ..ма со што и да посакате. Баш забавно!
Дефинитивно, еден од моите омилени колачи.

Приготвување
Загрејте ја рерната.
Куглофот премачкајте го со путер, по можност со прсти, за да ги опфатите сите делови,.
Посипете со брашно.
Пригответе го тестото според упаството од мешавината на мраморен колач од Фантазија
Во жолтата смеса ги ставаме чоколадните капки исто на Фантазија. Промешуваме.
Во куглофот ставаме еден дел од жолтата смеса, па до неа кафеавата, па повторно жолта, па поново од кафеавата додека смесата не се потроши. (како на сликата) Со помош на нож намачкан со масло, поминете на средина од смесата и назад, потоа направете фигури со број осум. Не мешајте ја или не тресете ја тавата ќе го изгубите мраморниот ефект.
Оставете да се олади и наросете со шеќер во прав.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови