Чоколадна торта со кокос
Белките изматете ги во цврст снег со шеќерот. Потоа додадете ги останатите состојки и соединете. Испечете 4 кори во трказелен плех бр. 28 обложен со хартија за печење.
Оставете ги корите да се оладат.
Жолчките пенасто изматете ги со шеќерот, потоа ставете ги во сад на пареа и варете додека се згуснат и ја добијат потребната густина, додадете ја чоколада исечкана на коцки и мешајте да се стопи.
Оставете го филот во фрижидер да се стегне околу 30 мин. Маргаринот пенасто изматете го, во него додајте го филот и убаво измиксирајте да се соедини.
Филувајте ги корите со филот и оставете ја тортата малку да се стегне во фрижидер, потоа сечете парчиња.
Може да ги испечете корите во правоаголен плех, потоа да ги сечете како штангли.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови