1. Во два сада ги делиме белките од жолчките. Жолчките ги матиме со 80 гр шеќер до потребната густина потоа ги додаваме какаото, оревите и ренданото чоколадо претходно измешани заедно. Потоа го додаваме растопениот и оладен маргарин, мешаме, па го додаваме брашното и го соединуваме со смесата.
Белките ги матиме со 60 гр шеќер во цврст снег и лажица по лажицаги додаваме во смесата со жолчките.
2. Печеме во плех обложен со хартија за печење и печеме во претходна загреана релна нана 180 степени околу 15 мин.
3. Испечената кора ја сечеме вертикално за да добиеме два дела. Истата постапка ја повторуваме и со втората кора.
4 .Во загреано млеко ја растопуваме чоколадата и мешаме да се згусти кремот, но не премногу . Оставаме да се олади. Потоа постепено го додаваме кремот во претходно изматен маргарин со прах шеќер и мешаме додека да се изедначи кремот.
5.Редослед на редење.
Земаме една кора ја премачкуваме во тенок слој од џемот, па ставаме од филот, па пак кора тенок слој на џем па фил и кора и така до крај. Декорација по сопствена желба.

Совет.
Доколку сакате во кремот можете да додадете и малку рум.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови