Испечати

Чоколадна торта

Чоколадна торта

Состојки

  • потребни состојки за кора 1 и кора 2
  • 8 јајца
  • 80 гр и 60 гр шеќер
  • 20 гр какао
  • 100 гр ореви
  • 50 гр рендана на покрупно чоколада за готвење
  • 40 гр маргарин
  • 100 гр брашно
  • за кремот
  • 2 маргарина
  • 150 гр прав шеќер
  • 300гр млеко
  • 300гр чоколада за готвење
  • за премачкување на корите
  • неколку лажици џем од јагода или малина, боровинки или слично

Подготовка

1. Во два сада ги делиме белките од жолчките. Жолчките ги матиме со 80 гр шеќер до потребната густина потоа ги додаваме какаото, оревите и ренданото чоколадо претходно измешани заедно. Потоа го додаваме растопениот и оладен маргарин, мешаме, па го додаваме брашното и го соединуваме со смесата.
Белките ги матиме со 60 гр шеќер во цврст снег и лажица по лажицаги додаваме во смесата со жолчките.
2. Печеме во плех обложен со хартија за печење и печеме во претходна загреана релна нана 180 степени околу 15 мин.
3. Испечената кора ја сечеме вертикално за да добиеме два дела. Истата постапка ја повторуваме и со втората кора.
4 .Во загреано млеко ја растопуваме чоколадата и мешаме да се згусти кремот, но не премногу . Оставаме да се олади. Потоа постепено го додаваме кремот во претходно изматен маргарин со прах шеќер и мешаме додека да се изедначи кремот.
5.Редослед на редење.
Земаме една кора ја премачкуваме во тенок слој од џемот, па ставаме од филот, па пак кора тенок слој на џем па фил и кора и така до крај. Декорација по сопствена желба.

Совет.
Доколку сакате во кремот можете да додадете и малку рум.