Подготовка

1. Најпрво чоколадата се топи на пареа и во неа се додава путерот. Убаво се меша за да се соедини, па се додава циметот и ликерот од нане.

2. Жолчките се матат со шеќерот, за да станат кремасти. Потоа им се додава смесата со чоколада и густинот. Убаво се меша.

3. Белките се матат за да добиете цврст снег и внимателно се додаваат во горната смеса.

4. Смесата ставете ја во калап, врз хартија за печење и печете ја на 180Ц отприлика 30-40 мин (тест со чачкалица).

5. Готовиот колач оставете го убаво да се олади и потоа исфилувајте го од сите страни со оладениот чоколаден крем.

6. За кремот се топли павлаката и пред да проврие се трга од шпоретот, се прелева врз чоколадото и се меша додека убаво не се растопи. Јас прво растопив 150 мл. павлака со 150 гр .чоколадо. Кога почна да се стврднува, полека мешајќи го додадов ликерот и уште малку павлака за да добијам потечен крем.

7. Тортичката се украсува со растопено бело чоколадо, ливчиња мента прелиени со бело чоколадо или со вода и шеќер.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови