Мммммм....магичен е, без брашно, со силен вкус на чоколадо, едноставен за подготовка, фино се сече, навистина вистинско уживање.

Подготовка
1. Путерот, шеќерот и ванилиниот шеќер, пенасто се матат убаво да се соединат. Се додаваат една по една жолчките и тие фино да се соединат. Го додаваме постепено какаото.
2. Од смесата одвојуваме 1/3 во неа ставаме чили, ја промешуваме убаво и ја оставаме на страна, може и кратко во фрижидер.
3. Во преостанатата смеса додаваме изматени белки и ореви, ама многу постепено, мешајќи полека со шпатула, за да смесата ни стане воздушеста.
4. Во тавче бр. 26 во кое сме ставиле хартија за печење ја истураме смесата и ја ставаме да се пече на 150 степени околу 30 минути, зависи како ви пече рерната.
5. Откако ќе се испече го ладиме, па потоа со лажичка го потопуваме со рум или бренди ако повеќе сакате.
6. На крајот го премачкуваме со филот што го тргнавме на страна.

Забелешка
Користев малку поголеми јајца, затоа ставив пет, инаку по рецепт одат шест јајца.
Претпочитам да ставите екстракт од ванила, затоа што ванилиниот шеќер може да се случи да не ви се стопи, па да го чувствувате во филот т.е. во премазот одозгора.
Ако ја имате Делимано делициа тавата само намрсете ја со 2-3 капки масло и истурете го колачот за печење.
Колачот нема брашно и пециво, па затоа потребно е да се пече на ниска температура, значи постепено.
Украсете го по желба со рендано чоколадо, мелени лешници, ореви и сл.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани