Торта есенска магија
Подготовка:
1. Основа - Урмите ги ставаме во вода да стојат 30 минути, да омекнат. Во блендер ги ставаме оревите и овесните снегулки, блендираме. Ги додаваме исцедените урми, какаото, путерот од кикиритки и циметот. Блендираме да се соединат состојките. Смесата ја ставаме во округол калап за торта, со обрач, кој се вади со дијаметар од 19 цм. Смесата ја натапкуваме со лажица.
2. Фил- индиските ореви ги ставаме во вода да стојат 5-6 часа. Ги цедиме и ги ставаме во блендер, заедно со тиквата и кокосовото млеко, блендираме. Во смесата го додаваме агаве сирупот и циметот. Блендираме, додека да се добие хомогена смеса. Филот го ставаме врз основата. Тортата ја ставаме во фрижидер неколку часа. Декорираме со мелени ореви и стопено чоколадо со 70% какао.
Лиценца: Сите права се задржани
шнити мислам беше. Сличен.Но мислам дека го нема колку што побарав.Прекраснотија ))))