За сите корисници и љубители на Делимано производите еве уште еден рецепт за торта со која ќе го прославиме овој прекрасен 10 годишен јубилеј што Делимано го прославува!
Воедно поздрав до тимот на Мои рецепти со кој се дружиме овде години наназад и кој ни го олеснува готвењето на нас кои сме љубители на домашно подготвени рецепти!
Ова е чизкејкот подготвен со голема љубов и кога го пробавме мислам дека ги доби сите заслужени коментари бидејќи беше навистина кремасто супер фантастично задоволство.

Подготовка
1. Ги матиме јајцата со шеќерот па ги соединуваме со останатите состојки. Тавата за чизкејк бр. 22 ја премачкуваме со путер и ја наросуваме со какао. Смесата ја истураме и ја печеме во загреана рерна на 180 степени со вентилатор. Откако ќе се испече оставаме да се излади.
2. За фил најпрво го раствораме желатинот со вода, па го загреваме за да се растопи.
3. Ги растопуваме чоколадите секоја посебно со по една лажица путер. Ги распоредуваме во три сада.
4. Во посебен сад ги матиме шеќерот во прав и павлаките, овде го додаваме растопениот желатин, соединуваме.
5. Оваа смеса ја распоредуваме подеднакво во садовите со растопените чоколади. Ги матиме секоја посебно со миксер за да се соединат.
6. Врз печениот пандишпан ставаме прво темно чоколадо, распоредуваме, оставаме тавата кратко во замрзнувач за да малку се стегне првиот фил.
7. Потоа го распоредуваме млечното исто постапуваме (во замрзнувач), за на крајот да го распоредиме филот кој е со бело чоколадо.Оставаме да се стегнат филовите.
8. Декорираме по желба.

Забелешка
За полесно да се одвои тортата/чизкејкот од ѕидовите на садот од страните тавата ја затоплуваме со фен (кратко и со вртење на тавчето, неколку десетици секунди е потребно)

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани