Чоколаден куглоф со чоколадо и вишни
Во еден сад се мешаат сувите состојки.
Во друг сад прво се матат јајцата со додавањето на шеќерот, па редоследно останатите водени состојки.
Потоа се додаваат сувите состојки.
Се излева во намрсен и набрашнет калап за куглоф.
Се става да се пече во загреана рерна, за време од околу 40 мин. на 180 степени или до сува чепкалка.
Но, откако ќе поминат неколку минутки, штом фати коричка кексот, се додаваат вишните и се продолжува со печење.
Изладен се прелева со глазура, која сме ја подготвиле на тој начин што го топиме чоколадото со млекото и маслото.
На здравје!
Лиценца: Сите права се задржани