Чипс од суви пиперки
Секоја година по 8 март, со колешките одиме на викенд, малку да прославиме, малку да одмориме, а најмногу да се дружиме. Секоја носи по нешто за јадење, па таму се се вади и забавата почнува... врв беше кога Лиле го извади чипсот од суви пиперки, ги снема за миг...
Рецептот е многу едноставен, ама идејата е одлична.
Сувите пиперки не се мијат, не треба да примат влага, само убаво се пребришуваат со чиста, влажна кујнска крпа.
Се сечат на парчиња.
Маслото се загрева на средна температура и се ставаат пиперките да се пржат. Најбитно е цело време да се меша, да не изгорат.
Се пржат кратко време, 3-4 минути.
Се вадат од тавата на хартија, да се исцеди вишокот масло, се посолуваат и тоа е тоа. Кога ќе ги извадите, тие ќе бидат сеуште меки, ама кога ќе се изладата се стврднат. Вкусот им е незаменлив...
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
... како и уште неколку пати пред тоа подготвени од лилето, иако димче тврди дека и тој е добар мајстор да ги спреми ;) секако, откако се пробаа следуваа пофалби и восхит, а рецептот одма се побара :)))
Vaka prigotvenite piperki mi se najomileni ,gi pravime uste od kaj majkami sto se velo zborot,samo da vi kazam deka jas najmonogu si gi sakam koga ke si stoplam malku dziirinki,a posle vo mrsot piperkite .ili posle przenjeto na svinskoto vo masloto pak piperkite i nema meso jadenje ,samo piperkite si gi sakam so sirence....mmmmmm...........ubavina..
имв останато цела реденка суви пиперки, ме мрзеше да ги ставам по манџи и се чудев што ќе им правам. од вчера до денес се преполови и ова јадење НЕМА да го давам на гости!!! :) :) :) :)