8
апр
2021
Чилбир (Турски специјалитет)
Чилбир е Турски специјалитет со јајца. Вкусен, едноставен и хранлив појадок.
1. Во посебна чинија за сервирање се ставаат 2 лажици кисела павлака( јогурт или кисело млеко). Врз него се става сечкано лукче и магданос.
2. Во тенџере со вода се става киселината и се става да зоврие водата. Потоа се кршат двете јајца и се варат во водата. Кога ќе се готови-испливуваат горе. Се вадат и се редат над киселата павлака.
3. Во тавче се става путерот да се топи и се додава црвен пипер -буковец и се прелива врело врз јајцата.
Вака го прилагодив појадокот кој навистина е инересен и вкусен.
Лиценца: Сите права се задржани