Чизкејк со овошје
Бисквитите се мелат и се става маргарин кој е претходно стопен и оладен.
Се формира долниот бисквитен дел. Потоа се бие слатката павлака заедно со шлаг кремот. Од кога добро ќе се избие се додава крем сирењето и се продолжува со биење додека не се соединат состојките.
Филот го ставаме врз бисквитите и го правиме овошниот дел.
Јас користев замрзнати вишни. Се ставаат во тенџере и се додава 3 лажици шеќер и 200мл вода да зоврие. Од кога ќе зовријат се тргаат настрана малку да изладат и му се става желатинот. Од кога ќе се изладат целосно се ставаат врз шлагот. Тортата се става во фрижидер да отстои неколку часа!
Добар апетит !!!
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Super blago!