Челзи торта
Со оваа торта го прославивме роденденот на брат ми. Прв пат правам фондан, па како за прв пат не ми излезе толку лошо.
1. Од по 5 белки, 5 лажици шеќер, 3 лажици брашно, 1 пециво, 1 лажица какао и 5 лажици ореви, испечете 3 пандишпана. Значи се матат 5 белки со 5 лажици шеќер, се додаваат брашното, пецивото, какаото и оревите, се промешува со лажица и се пече во кружен плех бр. 30 на 180С, 15-20мин.
2. Фил 1 и 4- жолчките, двете јајца и шеќерот се стават во тенџере на тивок оган, додека да се згуснат. Се тргат од оган и се оставаат да се оладат, па откако ќе се изладат се соединуваат си претходно уработениот маргарин, се дели филот на два дела, во едниот се става растопено бело чоколадо, а во другиот црно чоколадо.
3. Фил 2 и 3 - Се става на оган млекото и шеќерот. Претходно од млекото се одзема малку и се промешува со жолчките и брашното, па откако млекото ќе почне да врие, во тенок млаз се додава смесата од жолчки и брашно и се вари крем. Се трга и се остава да се олади, па откако ќе се излади се уработува маргаринот и се соединува со кремот и исто и овој се дели на два дела, во едниот се додава растопено црно, а во другиот растопено бело чоколадо.
4. Се филува кора, па првиот фил, па бисквите па вториот фил, кора, 3 фил, бисквити, 4 фил, кора.
Забелешка
Бисквитие не ми беа во план, ама ги ставив за да не ми се спојат филовите. Многу брзав и немав време да филувам, па да ја ставам во замрзнувач, па пак да филувам и така натаму... Фонданот е по рецептот на маргарит4е.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови