Црно-бел фриз ролат
Црниот дел
Бисквитите, маргаринот(на собна температура), шеќерите, какаото и жолчките се месат на почеток и постепено им се додава топлото млеко додека не стане една хомогена смеса.
Белиот дел
Белките убаво се изматуваат. Псоебно се мати маргаринот со шеќерот, па се додаваат во него снегот од матените белки и на крај кокосот. Убаво се промешува.
На најлонска фолија прво се расплескува црниот дел, па одозгора се премачкува белиот фил и се витка во ролат со помош на фолијата.
Од оваа смеса би требало да ви излезат 2 ролати.
Се чува во ладилник до послужување.
Напомена
Нека не ве плашат термички не обработените јајца во составот. Баш како такви даваат посебен шмек на колачите, не се штетни, напротив-корисни се како за здравјето, така и за убавиот глас хехе... Единствена работа што треба за овој колач е дека мора да се чува во ладилник, сеедно дали во обичен или во оној со длабоко смрзнување(лесно се сечи и таков и не е тврдо смрзнат) .Иако составот делува како да не е нешто посебно, сепак ролатот е одличен за јадење. Овој е стар рецепт на мајка ми и сеуште еден од моите омилени колачи. Се надевам дека и вас ќе ви се допадне. Добар апетит!
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Super e!!!Mnogu sakam vakvi brzinski recepti :)
се надевам дека нема да ми замериш дека тука и ќе ти честитам за изборот на рецептот не денот-честитки и од мене (тоа на некој начин и го потврдувам кај сите рецепти што се избрани и кога пред да се избери веќе сум коментирала позитивно, па и јас како лудо да не се повторувам си сметам дека веќе честитките си се подразбираат) позз