8
мар
2013
Цветови од домашни јуфки
Водата со солта ја ставаме во тенџерче на шпорет да зоврие
Откако ќе зоврие ги додаваме јуфките и оставаме да се варат 10-15 минути одвреме навреме промешувајќи. Потоа путерот или маргаринот ги растопуваме во него ставаме една рака јуфки ситно издробени за да се пропржат и јуфките ги попаруваме. Го додаваме и сирењето издробено, промешуваме убаво. Со лажица земаме од јуфките и полниме во силиконски калапи во форма на цвет. Ги оставаме калапите за да се изладат јуфките и потоа ги вадиме од калапите и сервираме.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови