1. Од меленото месо се прават мали ќофтенца, а пилешкото и свинското месо се сечат на мали коцки, исто така се сечкаат и печурките и кромидот. Со тоа подготовката на продуктите е готова.
2. Во тавче на оган најпрво се запржуваат ќофтенцата и се тргнуваат настрана, во истото тавче се запржуваат и свинското, а потоа и пилешкото месо, на крај во тавчето се пропржува кромидот на кој што му се додаваат печурките.
3. Трите вида месо заедно со кромидот се ставаат во тава за печење, се додава виното, зачините и вода колку да се прекрие месото.
4. Се печи на 230 степени додека се редуцира течноста.

Забелешка
Месото само за малку се пропржува во тавчето и покасно со печењето се доготвува.
Може да користите и некои други зачини по ваш вкус.

Добар апетит !

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови