Путер кифли
Во вангличка се ставаат квасецот, млекото и малку брашно, околу 10 минути нека одстојат за да се активира квасецот.
Потоа се додаваат останатите состојки
( путерот може да се растопи во млекото)
Се замесува средно тесто и воопшто не се лепи на рацете.
Тестото е готово кога ќе почне да пука под рацете.
Се остава на топло околу 30 минути.
Потоа се дели на 20 поголеми топчиња.
Секое се расукува во мала коричка, со големина на мало тајнирче и се витка во кифла.
Се редат во плех, се премачкуваат со изматено јајце, се наросуваат со сусам, киснат 20 минути и се печат на 200 степени околу 20 минути.
Кога се готови по желба може да се премачкаат со малку растопен путер.
Путерот може да се замени со маргарин или свинска маст.
Лиценца: Сите права се задржани
Nazdravje da vi se
Bas Mi e milo deka vi se dopadnaa