Подготовка

1. Фавата можи да ја сварите на два начини.
Едниот е да ја оставите преку ноќ да искисне во вода, а другиот е, откако убаво ќе ја измиете да оставите да зоврие прво со малку вода (прст, два над зрната), па да ја исплакнете и потоа со нормална количина вода да ја сварите.

2. Исцедете ја, но водата зачувајте ја за додавање при подготовката на хумусот.
Исцедената фава ставете ја во подлабок сад и во неа додајте го кромидот сечкан, лукот, таанот, сокот од лимон и малку од водата за почеток.

4. Откако ќе ги изблендирате во еднолична каша, додајте сол по вкус и за густина по желба ако има потреба уште од водата во која се варела фавата.

5. Готовиот хумус ставете го во длабока чинија, направете бразди и потурете го со маслиново масло.
Одозгора наросете кумин и чадена црвена пипер.

6. Доколку се решите за додатокот со кисела павлака во хумусот, ќе добиете покремаста структура и полајт верзија на јадењето, кој му дава особен додатен шмек. Ја поделив на 2 дела и во едниот додадов павлака. Мислењата и вкусовите ни беа поделени, но ако мене лично ме прашате, јас сум за со додатокот од кисела павлака.

* Фава или на македонски можи да се сретни под името Бакла (Vicia faba) е едногодишно растение од фамилијата бобови (Fabaceae), со крупно семе кое се користи во исхраната како и гравот. Позната е и како фава грав. Зрното можи да е жолто или зелено. Оваа кај нас која можи да се набави во колонијал е со жолто ситно зрно.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови