Оваа рецепта е идеална за љубителите на чоколада. Чоколадната торта која е многу едноставна за подготовка е многу сочна, многу вкусна и многу чоколадна, така што сум сигурни дека оваа рецепта многу пати ќе ја повторувате.
Подготовка
1. Одвојте ги белките од жолчките и изматете ги во снег.

Во жолчките додадете шеќер и изматете ги да добиете рамномерна смеса. Во смесата додадете ги брашното, какаото и лешниците и се заедно убаво измешајте.
Печете во плех со големина на рерната на 180 степени обложен со хартија. Тестото извадете го од рерна, оставете да се олади па исечете го на пола добивате четири идентични теста.
Фил.
2. Од млекото оделуваме околу двеста грама, останатото го загреваме во касерола. Пудингот го разматуваме со ладното млеко и полека го додаваме во млекото да добиеме густ пудинг. Тргаме на страна и додека е жежок филот ги додаваме млечните чоколади.
Во посебен сад го матиме путерот и шеќерот во прав и го соединуваме со ладниот чоколаден фил.
Фил 2.
3. Слатката павлака изматете ја заедно со какаото. Доколку сакате екстра слатко додадете неколку лажици шеќер.
Филување.
4. Секоја кора ја премачкуваме со чоколаден фил потоа со слатка павлака. На последната кора нанесуваме чоколаден фил.
Тортата треба да се јаде ладна, па најдобро е откако ќе ја направите да ја оставите фрижидерот.
Добар апетит!!!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани