Француска пита со месо
На дното на плитка тава за печење со пречник 24 цм ставете хартија за печење.
Загрејте ја рерната на 220Ц.
Компирот сварете го и грубо испасирајте го.
Во едно средно големо тавче за пржење ставете ги кромидот, лукот, месото, сосем малку масло, па пржете на средно силен оган мешајќи повремено. Додајте ги сите зачини и измешајте. Додајте сосем малку вода, намалете ја температурата, покријте и оставете да се динста додека не се зготви месото и не испари скоро цела течност, околу половина час. Тргнете на страна, додајте го компирот, дотерајте го вкусот и оставете да подолади.
Расучете го лиснатото тесто, исечете круг за 5 - 7 цм поголем од обемот на тавата во која ќе печите. Ставете го тестото во тавата. Разматете го јајцето, премачкајте ја површината на тестото. Така ќе спречите соковите од филот да го натопат тестото. Набоцкајте го тестото, истурете го филот над него, а краевите превиткајте ги преку месото, делумно да биде покриено. Од остатоците тесто исечете украси и наредете ги врз месото. Целата површина на питата, тестото и видливото месо премачкајте ги со јајце.
Печете 30 - 40 мин. додека не добие убава златна боја. Нека кратко се олади и послужете со салата или зеленчук по ваш вкус.
Лиценца: Сите права се задржани