Флорентини
Рецептот го најдов на интернет и искрено ме воодушеви. Многу убави, интересни, декоративни колачиња, прави божикни, а лесни за правење.
На тивок оган ставете го путерот, млекото, шеќерот и медот. Цело време мешајте и кога ќе зоврие тргнете го од оганот.
Ставете ги бадемите и кандираното овошје, а потоа и брашното.
На плех покриен со хартија, ставајте по една голема лажица од смесата, малку израмнете ја. да се добие кружна форма.
Ставете ги да се печат во загреана рерна на 180 степени, додека не потемнат малку по рабовите.
Кога ќе се изладат, од долната страна премачкајте ги со чоколадото измешано со маслото, ако сакате бело, а може и црно. Кога чоколадото малку ќе се стегне, со вилушка направете брановидни шарки и оставете ги убаво да се здрви чоколадото.
Чувајте ги во фрижидер.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Ја имав таа чест и задоволство да ги пробам колачите и јас и моите блиски. Прееевкусни! На сите им ги препорачувам :)