![Филети од риба со пикантна кора од кикирики](https://moirecepti.mk/content/uploads/2013/11/DSCN2377-9735c6-800x600.jpg)
7
ное
2013
Филети од риба со пикантна кора од кикирики
Филетите риба посолете ги и наросете ги со мелен бел бибер.
Оставете ги да отстојат за да ги впијат солта и биберот.
Кикириките крупно столчете ги и измешајте ги со сецканите суви лути пиперчиња.
Секоја филета најпрвин свалкајте ја во разматено јајце, а потоа во мешавината од кикирики и пиперчиња.
Пржете ги во загреано масло на средна температура.
Послужете со свежа салата или компир спремен по ваша желба.
Лиценца: Сите права се задржани