Филети од риба со пикантна кора од кикирики
Состојки
- 4 (од по 100гр) филети од мелена риба (ослиќ)
- 80гр. кикирики
- 2 мали суви лути пиперчиња
- 1 јајце
- по потреба сол, мелен бел бибер, масло
Подготовка
Филетите риба посолете ги и наросете ги со мелен бел бибер.
Оставете ги да отстојат за да ги впијат солта и биберот.
Кикириките крупно столчете ги и измешајте ги со сецканите суви лути пиперчиња.
Секоја филета најпрвин свалкајте ја во разматено јајце, а потоа во мешавината од кикирики и пиперчиња.
Пржете ги во загреано масло на средна температура.
Послужете со свежа салата или компир спремен по ваша желба.