Мене лично многу ми се допаѓа доручеков, затоа што брзо се спрема, излегуваат многу уштипци, а и се особено вкусни.

1. Се замесува тесто од сите состојки и се остава да стаса околу половина час.
2. Потоа се расукува кора и се сечат форми. Моите беа како баклави, а сечев со ножот за пица.
3. Ги пржиме во врело масло. Тенџерето во кое ги пржиме треба да има барем три прста масло, затоа што перничињава нараснуваат.

Лесно и вкусно!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани