Шќембе го миеме убаво и првите три води, откако ќе зоврие, се истураат.
Потоа се сечи на парчиња и се налева со вода, околу 2,5-3л.,по потреба понатаму во варењето се долева, бидејќи се вари 4-5 часа.
Штом зоврие се додава сол по вкус, еден сецкан морков,лукот, ловоровите листа и зрната црна пипер.Се вари со затворен капак.
Кога е варено, течноста се процедува, лукот се пасира, се враќа морковот,шќембето.Се отстрануваат зрната црн пипер и ловоровите листа.
Се зоврива, се додава коцката,нови ловоровите ливчиња.
Се прави запршка.
На плитка мрснотија се пропржува рендан морков.Дел го оставам, дел го тргам.Во тоа се додава брашното, се пропржува и се тура во шќембето.
Се зачинува по вкус со сол, мешан сув зеленчук, мелен црн пипер.Да покрчка и готова е.
Се наросува со сецкан свеж магдонос.

Се послужува со толчен лук само со сол и киселина.
На здравје гурмани ?

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани