Во тенџере на оган ставете ги шеќерот и водат да почнат да вријат. Јаболката излупете ги и отстранете им ја средината како на сликата. Ставете ги јаболката во тенџерето со шербетот и со помош на вилушка превртувајте ги за да смекнат од двете страни. Доболно е околу 5-6 мин да вријат. Откако ќе се сварат извадете ги од шербетот и оставте ги да се оладат. Шербетот тргнете го од оган и исто така и него оставте го да се олади.
Во друг сад ставте 200 гр мелен бисквит и ситно мелениот орев и додајте 250 мл од оладениот шербет. Мешајте додека состојките не се соединат. Оладените јаболка со помош на кафено лажиче наполнете ги со филот во средината. Откако ќе завршете со сите јаболка извалуткајте ги во преостанатите 100 гр мелен бисквит.
Изматет го со миксер шлаг кремот со 150 мл млеко и ставте им на сите јаболка на површината. Добар апетит...

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани