Турски комад
Рецептот стар, начинот на подготовка нов.
Тестото се замесува на стандарден начин.
Брашното сеено, квасецот разматен.
Се додава млака вода и сол.
Се замесува средно тесто.
Се остава да стаса,а откако ќе се дуплира,се размесува и се делина 8 топчиња.
Се делат на две купчиња по 4 топчиња.
Секое топче се расукува, па се премачкува масло.
Се редат така 3 корички,а на четвртата не се мачка масло Така ги правите и другите четири.
Ова доаѓа како лиснатите соленки кога ги изработуваме.
Од првите четири корички растегнуваме една голема.
Со сукалката ја натапкуваме како на помошните слики со паралелни прави, а потоа ја вртиме сукалката и во спротивен правец повторно ја притиснуваме сукалката.
За по јасно видете на сликите.
Тоа го правиме за кората да биде ровка кога ќе се усука, да се делат коричките под неа од маслото.
Потоа ја превртуваме од другата страна и пак ја сукаме.
Исуканата кора се протега во тавата.
Нека биде подолга кората нека излегува од тавата по неколку сантима.
Кората попрскајте ја со масло.
Потоа врз неа се нанесува филот,и какошто пишав погоре,ако е цел праз,тогаш запржете го,ако се само перца, ситно се сецкаат и зачинуваат.
Иако не ги пржите ставете масло во перцата.
Останатите 4 кори исто така изработете ги како првава и постелете ја врз филот.
Ставајте ја со сукалката да биде набрана кората.
Каде што ќе се соединат двете кори завиткајте ги навнатре како венец на суканото.
Оставете да нарасне комадот околу 30 минути ако е топло, ако не оставете малку повеќе.
Печете во загреана рерна додека не порумени.
Потоа извадете го од рерната попрскајте го малку вода и масло и пак вратете го назад нека постои во исклучена рерна 5 минути.
Покријте го со чиста крпа и нека постои надвор откако ќе го извадите.
На здравје
Забелешка
Простете што бев долга, но не знаев како да го опишам најдобро начинот на сукање на кората.
Точната мерка за масло не ви ја пишав затоа што се става отприлика.
Околу 300 мл мслам дека е доволно.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови