Турлитава со ќофте и бело месо
Турли тава на начин на кој ја прави мојата мајка.
Подготовка
1. Меленото месо го мешаме со зачините, правиме ќофтиња и ги пржиме во масло.
2. Белото месо го сечкаме на мали парчиња и го пржиме на масло, го зачинуваме.
3. Морковот и кромидот ги сечкаме на ситни коцки и ги пропржуваме на малку масло. Ја ставаме боранијата со малку вода да се динста, да омекне. Потоа ги ставаме компирите сечкани на коцки и оризот. Налеваме една шоља вода и динстаме додека да испари водата. На крајот ги додаваме грашокот, сечканиот магдонос и зачините. Залеваме пак со шоља вода и динстаме додека да подиспари водата.
4. Сите состојки ги ставаме во голема тава, па ги редиме ќофтињата и парчињата пржено месо. Залеваме со вода пак околу една до две чаши, ја поклопуваме тавата со капак и ја ставаме во рерна да се подпече. При крајот го тргаме капакот за да фати коричка, да добие боја, односно да се запече одозгора ручекот.
Лиценца: Сите права се задржани