Ова е мојот омилен ручек.......
На даска за сечење ситно го сецкаме кромидот, боранијата, морковот, брокулата, пиперките, компирите, патлиџаните и месото.
Во намрсена тава ги ставаме сите исецкани состојки и го додаваме грашокот и зачините. Потоа ставаме 2 шољи вода и сето тоа го мешаме, го покриваме со капак или фолија за печење.
Печеме на температура од 180 степени околу 80 мин. и го тргаме капакот или фолијата и печеме уште 20 минути.
ГАРАНТИРАНО ВКУСНО!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови