Испечати

Гарантирано вкусна турлитава

Гарантирано вкусна турлитава

Состојки

  • 1 средна главица кромид
  • 250 гр грашок
  • 200 гр боранија
  • 1 морков
  • 3 гранчиња брокула
  • 2 зелени пиперки
  • 2 компири
  • 1/2 модар патлиџан
  • 1 црвен патлиџан
  • 300-400 гр свинско месо
  • 1 лажица мешан сув зачин
  • 1 лажица сол
  • 1 лажица црвен пипер
  • 2 листа ловоров лист
  • 1/2 лажичка оригано
  • 1/2 лажичка сув магдонос

Подготовка

Ова е мојот омилен ручек.......
На даска за сечење ситно го сецкаме кромидот, боранијата, морковот, брокулата, пиперките, компирите, патлиџаните и месото.
Во намрсена тава ги ставаме сите исецкани состојки и го додаваме грашокот и зачините. Потоа ставаме 2 шољи вода и сето тоа го мешаме, го покриваме со капак или фолија за печење.
Печеме на температура од 180 степени околу 80 мин. и го тргаме капакот или фолијата и печеме уште 20 минути.
ГАРАНТИРАНО ВКУСНО!