Кромидот, пиперката и морковот ги сецкаме и ги пржиме. Доматите исто ги сечиме на ситно и ги додаваме да се пржат. Компирите и модрите ги сечиме на кругови.
Го додаваме и месниот нарезак задно со ситно исецканиот лук и печурките.
Зачинуваме.
Во намрсена тава прво ставаме ред компири и врз нив ја редиме смесата со месниот нарезак. Врз смеата ставаме ред од круговите модар патлиџан и пак компири. Налеваме вода и ставаме да се пече. Пред да биде готово, ги мешаме јајцата со павлаката и ја полеваме турлитавата. Оставаме уште малку да се попржи додека не зарумени.
Инаку ова така како експеримент го пробав, досега не сум ставала јајца и павлака, ама вкусно излезе.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови