
18
фев
2021
Турбан Кифли(во калап за мафини)
1. Најпрво квасецот го активираме со млекото, шеќерот и 1-2 лажици од брашното. Потоа замесуваме меко и нелепливо тесто со додавање на останатите наведени состојки, од кои брашното го додаваме на крај и постепено.
2. Тестото го покриваме и го оставаме на топло да стаса. Од стасаното тесто формираме кифли, кои ги редиме во калап за мафини. Калапот го премачкуваме претходно со маргарин. Формираните кифли ги покриваме и ги оставаме да стасаат, па ги премачкуваме со жолчките, им ставаме сусам и маргарин.
3. Ги печеме во загреана рерна на 200 степени.
Лиценца: Сите права се задржани