Испечати

Турбан Кифли(во калап за мафини)

 Турбан Кифли(во калап за мафини)

Состојки

  • 150 мл млеко (млако)
  • 150 мл масло
  • 1м.л. шеќер
  • 2м.л. сол
  • пола коцка квасец
  • 2 белки
  • по потреба (околу 500гр) брашно
  • за премачкување - 2 жолчки, сусам, маргарин

Подготовка

1. Најпрво квасецот го активираме со млекото, шеќерот и 1-2 лажици од брашното. Потоа замесуваме меко и нелепливо тесто со додавање на останатите наведени состојки, од кои брашното го додаваме на крај и постепено.
2. Тестото го покриваме и го оставаме на топло да стаса. Од стасаното тесто формираме кифли, кои ги редиме во калап за мафини. Калапот го премачкуваме претходно со маргарин. Формираните кифли ги покриваме и ги оставаме да стасаат, па ги премачкуваме со жолчките, им ставаме сусам и маргарин.
3. Ги печеме во загреана рерна на 200 степени.